Конгресменката Каролин Мелони, претседателка на Комитетот за надзор и реформи во Претставничкиот дом, во интервју за „Њујорк тајмс“ изјави дека претседателот Џо Бајден нема да се кандидира за втор мандат.
Loading...
На прашањето на новинарите дали претседателот Бајден повторно ќе се кандидира, Малонеева одговори дека тоа нема да биде случај.
– Неофицијално, тој повеќе нема да се кандидира – изјави конгресменката. Новинарката на Тајмс веднаш одговори дека ја интересираат само официјални одговори.
– Официјално? Не, тој не би требало да се кандидира повторно – одговорила Мелониева на инсистирањето на новинарката, пренесува „Дејли вајр“.
Претседателските избори во САД ќе се одржат во 2024 година и ќе бидат 60-ти по ред.