Малолетник од Куманово бил приведен вчера под сомнение дека украл повеќе предмети од приватен имот.
Loading...
– На 24.03.2025 во 16.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода малолетник од Куманово поради сомнение дека од приватен имот на улица „6 Април“ во Куманово одзел повеќе предмети, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што додаваат од МВР, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Никола Ивановски