Макрон: Богатите неевропски земји да дадат дел од помошта за сиромашните

Сподели со своите пријатели

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави денеска на маргините на состанокот COP27 во Шарм ел Шеик, Египет, дека сака да „врши притисок“ врз „богатите неевропски земји“ да го дадат својот „дел“ од помошта за сиромашните земји кои се соочуваат со климатските промени.

Loading...

Европејците се „единствени кои плаќаат“, рече Макрон во разговор со младите во Шарм ел Шеик, наведувајќи дека е потребен придонесот на САД и Кина.

„Треба да извршиме притисок врз богатите неевропски земји и да им кажеме дека мора да го платат својот дел“, рече Макрон.

Конференцијата на Обединетите нации за климата (COP27) почна вчера со повик до земјите да преминат од „ветувачки во ера на имплементација“.

Предвидено е повеќе од 120 светски лидери да одржат говори на конференцијата во Шарм ел Шеик.

Ќе присуствуваат околу 40.000 луѓе, но некои активисти се воздржаа поради загриженоста за состојбата со човековите права во Египет.

Конференцијата ќе трае до 18 ноември.