Македонските граѓани може да патуваат со лични карти во Босна и Херцеговина

Сподели со своите пријатели

Босна и Херцеговина одобри македонските граѓани да можат да патуваат во таа земја и со патните исправи со старото уставно име Република Македонија.

Loading...

На таа тема, утрово дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев остварил телефонски разговор со министерот за безбедност на Босна и Херцеговина Ненад Нешиќ.

Бојмацалиев информираше дека со министерот Нешиќ разговарале во насока на тоа во Босна и Херцеговина да може македонските граѓани да патуваат со лични карти со старото име, почитувајќи ја Спогодбата помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на Министри на Босна и Херцеговина за условите за патување на државјаните на двете земји, потпишана во 2018 година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  УХМР најавува пороен дожд, грмежи и локално невреме

– Во оваа прилика Бојмацалиев го истакна значењето на градење мостови со пријателските земји, и рече дека оваа можност е во рамките на засилената соработката и унапредените односи помеѓу Република Северна Македонија и Босна и Херцеговина во изминатиов период, велат од Министерството за внатрешни работи.

Истата пракса, додаваат оттаму, е веќе воспоставена и со, Република Србија, Албанија и Косово каде што се дозволува влез со лична карта со старото име на државата.