Македонија и Србија имаат најзагаден воздух во Европа

Сподели со своите пријатели

Европа се соочува со „голема јавно здравствена криза“, бидејќи речиси сите Европејци живеат во области со опасни нивоа на загаденост на воздухот, покажува истражувањето на британски Гардијан.

Loading...

Анализата на податоците, собрани со најсовремена методологија, покажа дека 98 отсто од луѓето во Европа живеат во области кои се загадени со многу штетни фини честички и далеку над границата поставена од Светската здравствена организација (СЗО).

Речиси две третини од Европејците живеат во области каде загаденоста на воздухот е повеќе од двапати од дозволената граница, пренесува Хина.

Најтешко погодена европска земја е Македонија, а потоа Србија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Максим Димитриевски во Кавадарци, Неготино и Прилеп (ВИДЕО)

Во двете земји, повеќе од половина од населението живее во области каде што загаденоста на воздухот е четири пати поголема од препорачаната.

Македонија, Србија Романија, Албанија, Полска, Словачка и Унгарија се седумте држави од Источна Европа каде речиси сите жители живеат во области со најмалку двојно поголемо ниво на загаденост.

Шведска и Шкотска се позитивни примери

Ситуацијата во Источна Европа е многу потешка отколку во Западна Европа.

Исклучок е Италија, каде повеќе од една третина од населението во долината По и околните области дише воздух кој е четири пати позагаден од препорачаното.

Loading...

Истражувањето на „Гардијан“ се однесува на фините ПМ2.5 честички, кои главно се создаваат со согорување на фосилни горива, а можат да навлезат во белите дробови и крвотокот и да влијаат на речиси секој орган во телото.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стојчевски најави повисоки плати за здравствените работници (ВИДЕО)

Според упатствата на СЗО, просечните годишни концентрации на честичките ПМ2,5 не треба да надминуваат пет микрограми на метар квадратен.

Истражувањата покажаа дека само два отсто од европската популација живее во области со дозволена концентрација на овие честички.

Експертите предупредуваат дека загадувањето на воздухот со ПМ2.5 честички предизвикува околу 400.000 смртни случаи годишно во Европа.

Во Шведска не постои област каде што концентрацијата на ПМ2,5 честичките е повеќе од двапати поголема од границата на СЗО, додека некои региони на северот на Шкотска се меѓу ретките во Европа каде загадувањето е во дозволените граници, пренесува Ал Џезира.