Луксембург и Ирска со највисок БДП по глава на жител во ЕУ во 2023 година

Сподели со своите пријатели

Бруто домашниот производ (БДП) по глава на жител, според податоците за 2023 година, бил највисок во Луксембург за 139 отсто над просекот на ЕУ, објави Евростат.

Loading...

Заводот за статистика на ЕУ наведува дека следат Ирска (111 отсто) и Холандија (30 отсто).

Други осум земји имаат повисок БДП по глава на жител од просекот на ЕУ – Данска, Австрија, Белгија, Германија, Шведска, Финска, Малта и Франција.

Бугарија има најнизок БДП по глава на жител, 36 отсто под просекот на ЕУ, потоа Грција (33 отсто) и Летонија (29 отсто).

Податоците за Луксембург делумно се објаснуваат со тоа што голем број странци се вработени во таа земја и со тоа придонесуваат за нејзиниот БДП, но бидејќи тие не се нејзини жители, нивната потрошувачка се евидентира на националните сметки на земјите каде што имаат постојан престој.