Лукашенко ја помилува девојката на опозицискиот блогер Роман Протасевич

Сподели со своите пријатели

Белорускиот претседател Александар Лукашенко ја помилува Софија Сапега, девојката на дисидентскиот новинар Роман Протасевич, кој беше уапсен во 2021 година откако патничкиот авион со кој летал од Грција за Литванија беше пренасочен во Белорусија, објави гувернерот на рускиот град Приморск.

Loading...

Лукашенко го потпиша указот за ослободување на Сапега, напиша гувернерот Олег Кожемјако на Телеграм, додавајќи дека нејзините родители побарале од Лукашенко да биде милостив, откако минатата година беше осудена на шест години затвор.

Досега Сапега чекаше да биде префрлена во затвор во родната Русија.

Нејзиното момче Роман Протасевич беше осуден на осум години затвор минатиот месец, откако беше уапсен со Сапага во мај 2021 година на многу драматичен начин.

Белоруските контролори на летање наредиле авионот на Рајанер со двајцата да слета во Минск, наводно поради бомба во авионот.

Не е пронајден експлозив, но Протасевич и неговата девојка се уапсени.

Сепак, на 22 мај оваа година, Протасевич објави дека е помилуван.

Протасевич е државјанин на Белорусија, кој живеел во егзил извесно време, а неговиот канал на Телеграм беше широко користен од учесниците на масовните протести против Лукашенко во 2020 година, кои тој брутално ги потисна.

Loading...

Некои западни политичари го опишаа начинот на кој беше уапсен Протасевич како киднапирање спонзорирано од државата, а поради овој случај, некои западни земји воведоа санкции кон Белорусија и им забранија на нивните патнички авиони да ги користат воздушните коридори над Белорусија.

Три дена откако Сапега беше осуден за наводно поттикнување омраза на социјалните мрежи и незаконско собирање лични податоци, на каналот Телеграм се појави порака, наводно од Протасевич, во која тој се огради од Сапега.

Наводно, двајцата се разделиле многу пред неговото апсење и тој се оженил со друга жена.

Агенцијата АП не успеа од независни извори да потврди дали Протасевич ја напишал пораката по своја волја и дали е вистина.