ЛК на СДММ со критики до работата на локалните челници на ОК на ВМРО ДПМНЕ Куманово

Сподели со своите пријатели

 

Loading...

Преку писмено соопштение, Локалниот Клуб на СДММ Куманово, реагира на според нив, однесувањето на локалните челници на ОК на ВМРО ДПМНЕ, посебно на пратеникот Зоран Ѓеоргиевски.

– Kако локален клуб на Социјалдемократската Младина на Куманово , сакаме да упатиме апел до челниците на ОК на ВМРО ДПМНЕ, особено до г-Зоран Ѓорѓиевски како кандидат за градоначалник на изминативе локални избори и како член на ЦК на ВМРО ДПМНЕ. Тој e чoвекот кој директно влијае на политиката во неговата партија од која зависи иднината на нашата државата и на нашиот град. Во последните години сите сме сведоци на тоа каква е релацијата помеѓу државните институции и општинските јавни претпријатија, каков е односот на актуелната власт и општината, и за што се грижи неговата партија во Куманово . Наместо да се занимаваат со актуелниот градоначалник, и да вршат опструкции на локалната самоуправа и јавните претпријатија, нека се сконцентрираат на решавање на проблемите со кои се соочува општината, поради игнорантскиот однос од власта. Покрај проблемот со водата, со нивното делување можат да придонесат и за решавање на проблемите со патарината Куманово – Скопје, каде веќе со години ветуваат дека ќе се најде решение на километарски колони кој се случуваат во летниот период. Реконструкција на автопатот Куманово – Скопје остана само ветување – место каде секојдневно има по некоја жрта. Но, за жал Куманово веќе подолго време е заборавено во секоја област: инфраструктура,капитални инфестиции, образование. И се додека ОК на ВМРО ДПМНЕ во Куманово не се грижат за граѓаните, се` до тогаш ќе немаат доверба и ќе бидат во дебела сенка, се вели во писменото соопштение на  ЛК СДММ.