Што ни носат ѕвездите во првиот месец од пролетта?
Овен
Планетарниот распоред во текот на март ги поддржува заедничките интереси и партнерски односи. Она околу што ќе се договарате ќе биде успешно и ќе ви даде чувство на блискост и поврзаност. Затоа, сосредоточете се на тоа да функционирате како двојка, како тим.
Ако партнерот ви префрла дека сте отсутни или незаинтересирани, тоа ќе биде поради тоа што голем дел од месецот ќе бидете ориентирани кон себеси.
Слободните Овни слободно можат да се препуштат на самоанализа на своите чувства, па така и ќе го бираат друштвото околу себе.
Не морате да се прилагодувате на другите, но ако некој ви се допаѓа, не му праќајте лоши сигнали. Не ги споделувајте и сите важни информации, планови и цели со другите.
Бик
Во текот на март, вашиот партнер однос е во фина линија и тоа многу ќе ви годи, но може да се случи партнерот да се чувствува преплавено и да не е во состојба да управува со своите чувства.
Можеби едноставно не се навикнати на толку многу љубов. Ако е така, избегнете ги детинестите испади, можете само да им помогнете да разберат. Бидете трпеливи.
Ако сте слободни, ќе чувствувате одреден притисок од своите и туѓите чувства, дека треба да најдете некој, да почнете врска, дека минува времето.
Сето тоа се пораки кои ќе ги добивате во текот на март. Сфатете го тоа како експеримент, како нешто што треба да ви помoгне само да размислите, но и да сфатите што точно сакате.
Близнаци
Вашиот партнерски однос во текот на овој месец ќе зависи од комуникацијата, а таа се развива и продлабочува, особено ако сте во почетна фаза на врската.
Ако веќе сте во подолга врска, ќе треба некои работи да смените и да надминете некои стари обрасци, но секако низ комуникација со другата страна. Време е да разговарате, да зборувате за оние работи за кои не се сложувате и да зборувате за своите надежи и стравови.
Слободните Близнаци би можеле да се најдат во ситуација кога ќе треба изненадно да ги менуваат своите планови, а тоа ќе придонесе да бидат поимпулсивни од вообичаено, како со партнерите, така и со пријателите. Потрудете се да направите самоанализа и ќе сфатите каде грешите.
Рак
Вашите партнерски однос е под лупа овој месец. Не го тестирајте партнерот и не поставувајте предизвици, бидејќи сигурно ќе паднат на таквиот тест, па ќе морате да се носите со последиците.
Некои работи морате да ги промените кај себе, а со здружени сили со саканата личност можете да постигнете многу. Промените би можеле да бидат од корен, важно е да се потрудите. Можете да откриете многу.
За слободните Ракови, ѕвездите предвидуваат поволен период за љубов, можеби ќе запознаете некоја личност со која брзо ќе започнете љубовна романса. Страста ќе ве води напред, а вие многу ќе уживате.
Лав
За вас, партнерскиот однос ќе биде динамичен и со многу случувања кои носат големи промени.
Тоа значи предизвици кога станува збор за разбирањето и постигнувањето компромис, но тоа е и предизвик за вашиот личен развој, ѕвездите ви советуваат да избегнувате конфликти и да не се расправате.
Водете конструктивни расправии и можете да ги решите сите проблеми на кои ќе наидете. Добро би било да организирате заеднички активности со саканата личност.
Слободните Лавови ќе бидат во друштво на интересни личности и повеќе ќе бидат заинтересирани за нови познанства и забава отколку за љубов.
Ќе наидете на големо разбирање од блиските и ќе сфатите дека богатството на лични односи е поважно од чувството на заљубеност, барем овој месец.
Девица
Бидете флексибилни во партнерските односи, не го ограничувајте партнерот и не поставувајте услови и барања кои не може да ги исполни.
Потребно е да ги прифатите заедничките разлики и капацитетот за вложување во односот и да го цените тоа што саканата личност го прави за вас. Не се расправајте за ситници, нема потреба за тоа.
Слободните Девици ќе чувствуваат прилив на енергија која ќе предизвикува нетрпение, но ѕвездите ве советуваат да бидете трпеливи.
Не скокајте во некоја врска, само бидејќи ви е досадно да се сами, туку дајте си време да бидете привлечени откако ќе запознаете една личност.
Вага
Ако бевте фокусирани на други работи и ја запоставувавте саканата личност, сега е период кога врската треба да ви биде на прво место.
Иако изгледа дека партнерот ја толерира вашата дистанцираност, сепак се собира одредена напнатост, на која морате да се занимавате. Ако добиете остра критика од саканата личност, прашајте зошто е така и бидете подготвени отворено да разговарате.
Слободните Ваги мораат да го сочуваат трпението и внимателно да ги негуваат односите кои им се важни и кои можат да прераснат во блискоста која ја сакаат.
Внимателно пристапувајте на емоционалната страна на таквите односи и бидете свесни за тежината на секој почеток. За вас, овој март почнува циклус на промени. Важно е самите прво да утврдите што е тоа што го сакате.
Шкорпија
Во партнерските односи настапува период кога ќе бидете голема поддршка за саканата личност, но и таа за вас. Доаѓа време кога ќе сфатите дека тие се не ваша страна, а тоа е одличен начин да се продлабочи вашата врска.
Ако покажете сомнеж и недоверба за некои работи, бидете подготвени да разговарате и да дадете објаснување.
Слободните Шкорпии ќе се најдат во контроверзни ситуации во кои нема да снајдат најдобро.
Во вашиот живот може да влезе личност која ве предизвикува на различни начини, а вие можно е да имате одбранбен став и да не знаете да се снајдете.
Некогаш така се случува со страста, но тоа не е пријатно искуство и потребно е да ја одржите стабилноста овој период и да останете свои.
Стрелец
Ако сакате да покажете дека некои работи ви пречат кај саканата личност и сакате некои работи да промените во вашата врска, тоа нема да го направите со агресивни испади, лутење и критики.
Партнерот може да возврати грубо ако вие сте груби и тоа воопшто не треба да ве чуди. Затоа добро размислете што и како ќе кажете.
Слободните Стрелци би можеле да се заљубат во текот на март и да влезат во многу динамичен однос, кој ќе ги придвижи и предизвика на повеќе нивоа.
Паралелно со бурните емоционални односи ќе се случуваат и други ситуации во вашиот живот, па мора да сте постојано вклучени и да настојувате да разберете како функционираат работите и кога е време за акција.
Јарец
Стабилноста во партнерските односи ќе се потврди преку чувството на сигурност и поддршка кои си ги давате еден со друг, а овој период особено ќе се чувствува тоа.
Ќе бидете многу свесни колку давате во својот однос и што добивате и ќе размислувате дали ви е тоа доволно. Би било добро за тоа да разговарате со саканата личност, споделете ги своите ставови и слушнете што имаат да кажат.
Слободните Јарци ќе мораат да бидат трпеливи со личноста која им го краде вниманието, можеби е затворена и дистанцирана, па и на неа и е потребно да ги разбере сигналите и да одговори на нив.
Не се охрабрувајте, само бидете тука и покажете и дека сте околу неа, но не се наметнувајте.
Водолија
Во партнерските односи доаѓа до смирување на страстите и работите ќе ви годат многу. Имате многу обврски и лични предизвици, но саканата личност е тука да ве ислуша и да ви даде поддршка.
Можеби ќе се занимавате со планови за иднината па ќе треба да се прилагодувате, но за вас доаѓаат убави промени. Вие сте добар тим и во текот на март ќе се уверите во тоа.
Слободните Водолии имаат големи шанси да се заљубат, но штом тоа ќе се случи, ќе почувствувате како да не треба да чекате и ќе сакате веднаш да се венчате. Сепак, успорете малку и колку и да сте заљубени, не брзајте.
Риби
Во партнерските односи, важно е да се држите до заедничките интереси, да се ставите на прво место и да видите што сакате.
Ако вие сте постојано иницијатор, прашајте се зошто е тоа така. Седнете и разговарајте со саканата личност за промените кои вие лично ги посакувате.
Слободните Риби ќе се најдат во многу интензивни односи, кои нема да бидат целосно дефинирани. Чувствата ќе ве носат како низ бранови, а нема да знаете каде се движите.
Сетете се што ве прави среќни и тоа ќе ви го даде одговорот каде треба да одите.