Љубљана остана без струја поради снег и ветер

Сподели со своите пријатели

Снегот и силниот ветер кои предизвикуваат бројни главоболки, особено кај возачите на патиштата, предизвикуваат проблеми и во снабдувањето со електрична енергија на домаќинствата.

Loading...

Како што јавува N1 Словенија, голем дел од Словенија вечерва е зафатен од обилни снежни врнежи кои на повеќе места предизвикуваат проблеми во сообраќајот, а во текот на претпладнето, според синоптичарите, врнежите само ќе се зголемуваат.

Поради временските проблеми во Словенија, без струја во утринските часови во понеделникот останаа многу домаќинства кои ги снабдува Електро Љубљана.

Како што јави компанијата, само во областа Нови Место поради вонредни ситуации без струја останале 3.156 корисници.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Планирате летување во Грција? Ова се цените што ве чекаат летово!

Дополнително, 246 корисници во областа Љубљана во моментов се без струја. Екипи на терен ги санираат дефектите, најавија оттаму.