Литванија се повлекува од Конвенцијата за касетна муниција

Сподели со своите пријатели

Парламентот на Литванија денеска гласаше за повлекување од Конвенцијата за касетна муниција, која забранува производство, складирање, употреба и пренос на оружје, тврдејќи дека продолжувањето на членството ја ограничува одбраната на земјата и го прави одвраќањето помалку ефективно.

Loading...

Касетната муниција, која е забранета од повеќе од 100 земји, вообичаено испушта голем број помали бомби кои убиваат неселективно на широк простор, пренесува Ројтерс Веб-страницата на литванскиот парламент наведе дека гласале за 103 од вкупно 141 пратеници се повлече од Конвенцијата.

„Конвенциите се важни кога сите земји се придржуваат до нив. Проблемот е што Русија, во својата агресија против Украина, не се придржува“, рече министерот за одбрана Лауринас Кашјунас во парламентот пред гласањето.

Тој посочи дека ова гласање ја зајакнува одбраната на Литванија, повеќето од земјите-членки на Европската унија се потписнички, но меѓу оние што граничат со Русија или Украина, го потпишала само Литванија.

Русија, Украина и САД ја немаат потпишано Конвенцијата, а минатата година Киев ги доби првите пратки со касетна муниција од САД и покрај протестите на организациите за човекови права, пренесува Танјуг.