Литванија: Русија веќе има нуклеарно оружје во балтичкиот регион

Сподели со своите пријатели

Русија веќе поседува нуклеарно оружје во балтичкиот регион, изјави во четвртокот литванскиот министер за одбрана Арвидас Анусаускас.

Loading...

Еден од најблиските соработници на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Медведев, денеска го предупреди НАТО дека доколку Шведска и Финска се приклучат на воената алијанса предводена од САД, ќе мора да ја зајакне својата одбрана, вклучително и распоредување нуклеарно оружје во регионот на Балтичкото Море.

 

Специјалците објавија фотографии: Го уништивме мостот кога преку него поминуваше руски конвој

 

Анусаускас за литванскиот портал БНС изјави дека нуклеарното оружје било распоредено во руската енклава Калининград на Балтичкото Море уште пред актуелната криза.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кремљ се огласи за блокирањето на Телеграм: „Во моментов нема такви планови, но...“

„Сегашните руски закани изгледаат прилично чудно кога знаеме дека, и без сегашната безбедносна ситуација, тие држат оружје на 100 километри од границата со Литванија“, рече литванскиот министер, цитиран од Ројтерс.