Литературна вечер со Анна Багрјана во Куманово

Сподели со своите пријатели

Вечерва со почеток во 20 часот, во фоајето на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово, ќе се одржи литературна вечер со украинската писателка Анна Багрјана.

Loading...

 Анна Багрјана е родена 1981 година во Фастов, Украина. Дипломирала и магистрирала Украински јазик и литература на Филолошкиот факултет во Киев. Работела како новинар на телевизија, радио и печат. Oд 2007 до 2009 година била Секретар на Советот на Здружението на писатели на Украина за работа со млади автори како и главен уредник на списанието  „Гранословие“.

   Добитничка е на многу награди и признанија, нејзините дела се преведени на  полски, азербејџански, француски, српски, хрватски, белоруски и на други јазици. Во нејзиниот книжевен опус се вбројуваат романи, драми, поетски збирки.  Авторка е на следниве дела: „Соцветие од зборови“, „Меѓу боговите и нас“, „Другите линии“, „Толку необична љубов“ , „Прошетка по јаже“, „Етимологија на крвта“, „Толку необична љубов“, „Дошкуљака“.Театарската сцена на  Украина, САД и Македонија се збогатени со нејзините драми. Книгите на Анна Багрјана се објавени во Полска, Македонија, Србија, Белгија и Бугарија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Уживајте во сонце!

 Програмата ќе биде збогатена со музичка изведба од младиот пијанист Јован Цветковиќ, модератор на настанот е Теодора Цветковиќ, низ стиховите ќе не води  Теодор Јакимовски.

Интегрално соопштение