Ликвидиран пожарот во фабриката „1-ви Мај“

Сподели со своите пријатели

Пожарот кој утринава избувна во просториите на поранешната фабрика за мебел и столарија, „1-ви Мај“ е ставен под контрола по неколку часовна борба на пожарникарите.

Loading...

Како што информираат од Територијалната против пожарна единица Куманово, утринава околу 10:32 минути добиле повик за каснење на булеварот „Трета МУБ“ во кругот на фабриката, при што веднаш нивни екипи излегле на терен.

Но, поради обемноста на пожарот и за тоа што станува збор за населено подрачје во близина на градскиот пазар, интервенирале 3 возила со 13 пожарникари.

Пожарот е целосно изгаснат и ставен под контрола во 13:40 часот, а причините за неговото избувнување, како и материјалната штета ќе ја проценат и истражат специјализирани лица од Секторот за внатрешни работи Куманово.