Водачот на партијата Алтернатива за Германија (АфД), Тино Хрупала, го доведе во прашање членството на Германија во НАТО, велејќи дека Берлин треба да размисли до кој степен алијансата е сè уште од корист за земјата.
Како што додаде, одбранбената заедница мора да ги прифати и почитува интересите на сите европски земји, вклучително и Русија.
„Ако НАТО не може да го обезбеди тоа, Германија мора да размисли до кој степен оваа Алијанса е сè уште корисна за нас“, рече лидерот на АДФ.
Тој ја повика и германската влада да ја признае победата на Русија во војната во Украина.
„Русија победи во оваа војна“, рече Хрупала, додавајќи дека реалноста допре до оние кои тврдат дека сакаат да и овозможат на Украина да победи во војната.