Лидерите на ЕУ во посета на Киев

Сподели со своите пријатели

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска пристигна во Киев по повод одбележувањето на двегодишнината од руската агресија врз Украина.

Loading...

Освен неа, во Украина ќе дојдат и италијанската премиерка Џорџа Мелони, белгискиот премиер Александар Де Кроа и канадскиот премиер Џастин Трудо.

Лајен во објава на платформата Х напиша дека Европската унија цврсто стои на Украина додека, како што наведе, таа земја конечно не се ослободи.

„Во Киев на одбележување на двегодишнината од руската војна против Украина. И во чест на извонредниот отпор на украинскиот народ. Повеќе од кога било, ние цврсто стоиме со Украина. Финансиски, економски, воени, морални. Додека земјата не конечно слободен“, изјави Фон дер Лајен.

По повод двегодишнината од војната, во Киев престојува и италијанската премика Џорџа Мелони, која како претседавач на групата Г7 ќе одржи видео-конференција на Г7 на која ќе зборува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесува Анса.

Мелони пристигна во главниот град со истиот воз како претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, белгискиот премиер Александар Де Кроа, кој е ротирачки претседател на Советот на ЕУ и канадскиот премиер Џастин Трудо, а од безбедносни причини дури сега беше објавено дека пристигнале во Киев, наведува италијанската агенција.