Летонците во сабота излегуваат на избори

Сподели со своите пријатели

Летонците ќе излезат на избори во сабота во сенката на руската инвазија на Украина, што ќе му помогне на премиерот Артурс Кришјанис Каринш, кој ги поддржува ЕУ и НАТО, повторно да победи.

Loading...

Анкетите покажуваат дека популистите, конзервативците и социјалдемократската партија Склад, која обично ужива силна поддршка од големото руско малцинство во земјата, ослабеле.

„Руската инвазија на Украина му помага на Каринш да привлече гласачи во Летонија бидејќи во такви времиња луѓето имаат тенденција да се собираат околу знамето“, рече Марсис Крастинс, политички експерт.

Крастинс рече дека Каринш „најверојатно“ ќе победи, но ќе зависи од тоа колку од помалите партии што го поддржуваат ќе го поминат прагот од пет проценти за влез во парламентот.

Главното прашање на изборите во таа земја со 1,8 милиони жители е војната во Украина, порастот на трошоците за живот и желбата за енергетска независност од Русија.

„Гласачите бараат способни лидери кои ќе можат да ги решат овие прашања“, рече Крастинс.

Лелде Муцение, студент по ИТ во малиот град Бауска, рече дека е загрижена за „цените на парното, електричната енергија, гасот и социјалната сигурност“.

Како и граѓаните на блиските Полска и балтичките соседи Литванија и Естонија, многу Летонци се загрижени за руските планови и сметаат дека нивната земја е ранлива и покрај тоа што е членка на ЕУ и НАТО.

Loading...

Владата во заминување изрази силна поддршка за Украина, ги зголеми трошоците за одбрана и работи на подобрување на енергетската безбедност.

Партијата на Каринш Ново единство е на врвот според анкетите. Во анкета овој месец таа добила 13,3 отсто од гласовите на испитаниците.

Склад, кој освои 20 отсто од гласовите на последните избори во 2018 година, оттогаш постепено ја губи поддршката поради низа корупциски скандали.

Партијата во последните десет години редовно беше прва на изборите, но никогаш не најде доволно сојузници за формирање влада.

Последната анкета и даде само 5,1 отсто од гласовите.

Политичката сцена на Летонија повторно ќе биде фрагментирана и неколку мали партии најверојатно ќе влезат во еднодомниот парламент со 100 места.

Склад ја критикува руската инвазија, но е помалку гласен кога станува збор за обвинувањата дека руските сили во Украина вршат злосторства.

Руското малцинство се сврте кон две нови партии, едната која отворено го поддржува Кремљ, а другата која ја поддржува Русија, но не толку отворено.

Loading...

Руските говорители сочинуваат околу 30 отсто од населението на Летонија.

Избирачките места се отвораат во 7:00 часот по локално време, а затвораат во 20:00 часот, а првите излезни гласања се очекуваат веднаш по затворањето на гласачките места.