ЛЕГИЈА НА СТРАНЦИТЕ: Таму одат само оние кои немаат што да загубат!

Сподели со своите пријатели

Легијата на странци е елитна, професионална борбена единица која е дел од француската армија.

Loading...

Составена е од волонтери од сите националности, раси и религии, а самата Легија служи за интересите на Француската Република насекаде во светот.

Ви пренесуваме 7 работи што не сте ги знаеле за Легијата на странците:

 

 

  1. До Легија на странците можат да пристапат мажи на возраст меѓу 18 и 40 години со исклучителни психо-физички способности.

Волонтерите се темелно контролирани и не секој може да влезе во Легијата.

По обуката, волонтерот потпишува договор за 5 години стаж. За време на првите 4 месеци обука, волонтерот не смее да контактира со пријатели и роднини.

Loading...

 

 

  1. Секој волонтер добива нов идентитет, кој ја штити легијата од надворешни влијанија.

Како дел од новиот идентитет, името и презимето, датумот и местото на раѓање, имињата на родителите се менуваат.

  1. Мотото на легијата е „Legio Patria Nostra“, што значи „легијата е нашата татковина“.

Легионерите се движат 88 чекори во минута, што е помалку од другата армија, која се движи 120 чекори во минута. Поради побавните чекори, Легијата маршира на последната парада, но секогаш добива најмногу аплаузи.

 

 

Loading...
  1. Во легијата се вели: „потта на тренингот, спречува крв на теренот“.

Легионерите се обучени да преживуваат во можни и невозможни ситуации, како што се: како да преживеат кога ќе останат без вода…

Некои земји не им дозволуваат на своите жители да се регистрираат во Легија на странци, а казните се парични и затворски.

 

 

  1. Ранетите легионери автоматски добиваат француско државјанство.

Иако војцните во Легија доаѓаат од 138 различни земји, сите тие можат да станат државјани на Франција. Имено, по почесна служба најмалку три години, тие можат да аплицираат за државјанство, а доколку се ранети на бојното поле, можат да добијат државјанство преку одредбата наречена „Французин по пролеана крв“, што француската влада започна да ја дозволува во 1999 година .

 

Loading...

 

  1. Платата и надоместоците се ужасни. И покрај ветувањето за многу груб живот и можноста да бидат испратени да се борат насекаде во светот, илјадници мажи сепак се пријавуваат секоја година.

Легионерите може да очекуваат да ги испратат за да чуваат некои области или да ги фрлат во жарот на битката. Во моментов така престојуваат во Авганистан и Мали.

 

 

Нивната почетна плата е околу 1.450 долари, и нема покачувања за првите неколку години.

Loading...

Споредбата со најмалата плата на еден американски војник, која изнесува 1.546 долари, а која по шест месеци автоматски надминува 1.733 долари, станува збор за мала сума.

 

 

Единствениот голем бонус во Легијата може да го најдат љубителите на пијалоци, затоа што секогаш има повеќе од доволно алкохол.

Loading...

Дури и во воените зони, легионерите пијат во слободно време, па затоа се познати по тоа што можат да пијат толку многу што може да засрамат некои „чесни алкохоличари“, пишува Бизнис Инсајдер.

 

 

  1. Легионер се бори до смрт затоа што предавањето не е опција.

Пример е борбата од април 1863 година, помеѓу француската Легија на странци и мексиканската армија, легионерите покажале точно колку се храбри и ефикасни.

Loading...

Иако имало само 65 луѓе, легионерите се бореле против 3.000 војници во битката кај Камерон. И покрај скоро никакви шанси, мала патрола на легионери и нанела големи загуби на мексиканската армија, одбивајќи да се предадат цело време.

 

 

И не само тоа, туку тие повеќепати ја прашувале големата армија дали таа ќе се предаде.

На крајот, пет лица способни за борба биле фатени на имотот и се бранеле со бајонети до последниот здив. Кога се предале, Мексиканците не можеле да поверуваат дека се борат со толку мал број луѓе, па еден командант, наводно, изјавил: „Овие не се мажи! Тоа се демони!“

Loading...

 

 

 

Loading...

 

 

Leave a Reply