Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и државниот секретар на Ватикан, кардинал Пјетро Паролин разговараа во Њујорк за хуманитарни прашања поврзани со конфликтот во Украина, соопшти руското Министерство за надворешни работи.
Во соопштението се наведува дека Лавров и Паролин за време на разговорот на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации констатирале дека има конструктивен развој во дијалогот меѓу Русија и Ватикан, како и во меѓусебните акции во хуманитарната сфера во контекст на војна во Украина, објави Ројтерс.
Руското Министерство соопшти дека разговорите биле фокусирани на, како што наведува, „причините за геополитичката криза, како директна последица на доследната антируска политика на западните земји“. Папата Франциско постојано повика на мир во Украина, нагласувајќи ги загубите и страдањата на украинскиот народ, пренесува Танјуг.