Лавров: Москва е подготвена за преговори за Украина

Сподели со своите пријатели

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека Москва е подготвена за преговори за Украина, при што мора да се обезбедат легитимните интереси на Русија, но не и во интерес на другите.

Loading...

„Како што многупати кажа претседателот Владимир Путин, Русија е подготвена за преговори, за време на кои мора да се обезбедат нашите легитимни национални интереси, не на сметка на интересите на другите, туку во контекст на договор за сеопфатен безбедносен систем, во кој никој нема да биде ранлив“, рече Лавров, пренесе Тас.

Тој посочи дека украинската криза има длабоко вкоренети причини, но дека Русија повеќе не сака да губи време зборувајќи за нив, туку инсистира да ги елиминира.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп до Украина: Сакаме 500 милијарди долари во ретки метали

„Станува збор, пред сè, за заканите за безбедноста на Русија преку проширувањето на НАТО на исток и текот на режимот во Киев, кој дојде на власт со неуставен државен удар, а потоа и за зачувување на рускиот јазик и култура. Само целосното и неповратно отстранување на основните причини за конфликтот може да го отвори патот кон неговиот крај“, рече Лавров.

Тој изјави дека станува збор само за спроведување на принципите на Повелбата на Обединетите нации и почитување на договорите кои беа усвоени со консензус во ОБСЕ, а сега се пречкртани.