Лавров денеска во работна посета на Иран

Сподели со своите пријатели

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска ќе престојува во работна посета на Иран, каде што ќе разговара со својот ирански колега Абас Аракчи, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.

Loading...

„Лавров ќе престојува во Иран на покана на иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи.  Шефовите на дипломатиите детално ќе разговараат за билатералните односи меѓу Русија и Иран, кои официјално постигнаа ниво на стратешки сеопфатен договор“, се вели во соопштението, пренесе РИА.

За време на посетите, планирано е да се стави посебен акцент на натамошното проширување на трговско-економската соработка во реализацијата на „клучните заеднички проекти во областа на енергетиката и транспортот“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  По руски напад, Полска ги крена борбените авиони

„Се очекува тие да разменат мислења за голем број актуелни меѓународни прашања, вклучително и ситуацијата во Сирија, Кавказ, Авганистан, Јемен, Персискиот Залив, Блискиот Исток, Каспиското прашање и ситуацијата околу Заедничкиот сеопфатен акционен план за иранската нуклеарна програма“, се вели во соопштението на руското Министерство за надворешни работи, пренесе Танјуг.