Лавина во Франција: Четири лица загинаа, тројца се повредени

Сподели со своите пријатели

Четири лица загинаа, а тројца се повредени во лавина во планинскиот регион Оверњ во централна Франција, објави Гардијан.

Loading...

Лавината се случила во неделата на надморска височина од 1.600 метри над селото Мон Дор, а меѓу загинатите има и членови на локалниот скијачки клуб, кои излегле надвор од патеката.

Тројца повредени скијачи биле пронајдени по голема потрага по која биле мобилизирани 50 лица.

Планините Оверњ не се толку високи како Алпите или Пиринеите, но во текот на зимата тие се покриени со густ снег и често се појавуваат лавини.