Два фестивали ќе се одржат утре во Куманово, „КуманиУМ“ и „Art Attack“, а програмата продолжува и на 20 октомври со детска театарска претстава.
Првиот настан е наменет за најмладите, кои во сабота, 17 октомври, со почеток во 11 часот, на платото пред НУЦК „Трајко Прокопиев“ ќе можат да се забавуваат со Дарко Ѓурчиновски во Comedy Kids Show, како и со маскотите „Кидос“, со омилените јунаци од детските цртани филмови.
Истата вечер, во 20 часот, во Занаетчискиот дом ќе се одржи стендап-комедијата „За македонските работи“, во изведба на актерот Марјан Георгиевски, со која ќе започне фестивалот „Art Attack“.
Програмата ќе продолжи на 20 октомври, во 12 часот, во Занаетчискиот дом, со детската театарска претстава „Најдобриот непријател“, како втор фестивалски дел.
Настаните се организираат под покровителство на градоначалникот и Советот на Општина Куманово, со поддршка на Фондацијата за култура и спорт Куманово.
Никола Ивановски

