Без струја денеска две населени места во кумановско

Сподели со своите пријатели

Две населени места во кумановско денеска привремено ќе останат без напојување со електрична енергија.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во период од 09:00 до 15:00 часот денеска прекини ќе има кај корисниците во населбата Карпош, поточно месноста Никуљски пат.

Во истиот период прекини се најавени и за дел од селото Умин Дол.

Станува збро за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенција во дистрибутивната мрежа.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МРК Куманово утре го пречекува Младост Богданци