Кумановските пензионери ќе користат бесплатен викенд туризам но без придружба

Сподели со своите пријатели

Министерството за труд и социјална политика на официјалната веб страна ги објави списоците за доделени вкупно 2423 бесплатни викенд туризам патувања за пензионерите од Македонија, со наведени имиња и презимиња на корисниците на оваа услуга што ќе се спроведе во текот на 2016 година.

Loading...

Од Куманово, бесплатен викенд туризам ќе користат вкупно сто пензионери и пензионерки, но за разлика од пензионерите од другите градови, кумановските пензионери ќе одат на викенд без придружба, додека пак за пензионерите од Скопје во графата ”со или без придружба”, стои наведено ”викенд”.

Услугата може да се користи еднаш, во период од април до ноември 2016 година, во траење од 3 дена и опфаќа 2 полни пансиони (2 ноќевања со три оброка дневно), односно пристигнување во петок попладне, а заминување недела попладне,како и автобуски превоз до хотелскиот објект.

Хотелските објекти  во кои ќе бидат упатувани корисниците на пензија се наоѓаат во Охрид, Струга, Дојран, Крушево, Преспа и Берово.

Списокот од објавените имиња на пензионери може да го видите тука.