Кумановските кик-боксери со три медали од турнирот во БиХ (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Кик-бокс клубот Куманово 2006 се врати со три медали од Меѓународниот турнир во Сараево кој се одржа изминатиот викенд.

Loading...

Станува збор за еден сребрен и два бронзени медали.

Со сребро се закини Александар Стоилковиќ кој се натпреваруваше во јуниорска конкуренција во категоријата -89 килограми во дисциплината кик лајт.

 

 

Со победа во полуфиналето убедливо против Џенан Хибеш, додека во финалето се сретна со Адмир Окчиќ каде во рамноправна борба, за малку беше испуштен златниот медал.

Лука Велковски освои бронзен медал во јуниорска конкуренција, односно категорија до 94 килограми во дисциплината кик-лајт. Поуспешен од него во полуфиналето беше Марко Лежаиќ.

Loading...

 

 

Марко Никовски кој се бореше во сеионрска конкуренција освои бронзен медал во категоријата до 89 килограми, исто така во дисциплината кик-лајт. Тој во финале беше поразен од Иван Бабачо.

– Севкупно сум задоволен од резултатите и од прикажаните борби на натпреварувачите на КБК Куманово 2006 и продолжуваме со тренинзите во очекување успех и во иднина. Инаку организацијата на турнирот беше на завидно ниво, а учествуваа околу 400 натпреварувачи од Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Хрватска, Србија и Црна Гора, изјави тренерот на клубот Сашо Илиевски.

 

 

Loading...

На турнирот учествуваа уште пет клубови од Македонија, а севкупно во земјава пристигнуваат 22 медали, 7 златни, 9 сребрени и шест бронзени медали.

 

 

Никола Ивановски

Leave a Reply