Кумановските кик-боксери ќе учествуваат на Балканското првенство

Сподели со своите пријатели

Балканско кик-бокс првенство ќе се одржи од 3-5 септември во арената „Борис Трајковски“ во Скопје, а учество ќе имаат и четворица кик-боксери од Куманово.

Loading...

Кик-бокс клубот Куманово 2006 ќе го претставуваат Лука Велковски, Јован Димковски, Ненад Димковски и Александар Стоилковиќ, кои заедно со својот тренер Сашо Илиевски активно се подготвуваа во изминатиот период.

 

 

– Претходно дел од натпреварувачите се натпреваруваа на Власинско езеро во Србија, а дел ов слата на ТППЕ Куманово. Напорно трениравме за оваа првенство кое ќе се одржи во Скопје, што ни дава поголем мотив достојно да го претставите мградот и клубот, изјави тренерот Илиевски.

Четворицата кумановцки, вели тренерот, се подготвени да дадат се од себе за да го претстават градот и клубот во најдобро издание.

– Голема благодарност до градоначалникот Максим Димитриевски и Општинскиот сојуз на спортови на град Куманово кои и овој пат ни излегоа во пресрет и ни помогнаа со финансиски средства да одиме на Власина, рече претседатлеот и тренер на клубот Сашо Илиевски.

Loading...

 

 

Инаку, Балканското првенство е во организација на Кик-бокс федерацијата на Македонија, а во рамките на календарот на WAKO светската кик-бокс организација.

Никола Ивановски