Низа учества на домашни и меѓународни натпревари во изминатиот период имаа атлетичарите на Куманово преку кои го зголемија фондот на освоени медали и награди.
Од почетокот на годината започнаа нивните активности и тоа во соседна Бугарија каде имаа подготовки, а Милан Вељковиќ заедно со репрезентацијата го продолжи својот престој во Софија на дополнителни тренинзи и натпревари. Голем дел од членовите на Атлетски клуб Куманово остварија и учество во националната репрезентација.
– Нашите атлетичари изборија учество во репрезентација, најдобриот младинец во сите дисциплини беше Милан Вељковиќ и избори учество заедно со Иван Тимчевски за Балканското првенство за младинци што се одржа во Софија каде настапија како двајца единствени машки претставници, а Катерина Тимчевска избори учество во сениорска репрезентација која настапи во најскратен можен состав, односно две женски, најдобриот резултат го имше нашата членка Катерина Тимчевска која настапи таму на дисциплината од 400 метри и постигна личен рекорд истрчан во сала, изјави Филип Колевски, тренер на АК Куманово.