Кумановскиот театар со награда за најхумористична претстава се врати од Бугарија (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Претставата „Мани, мани, мани“ на Театар Куманово освои награда за „Најхумористична претстава“ на фестивалот во Габрово, Бугарија.

Loading...

Станува збор за традиционален фестивал, кој годинава се одржуваше од 15ти до 21ви мај и во конкуренција од шест претстави ја освои наградата благодарение на гласовите на публиката.

– Ние навистина сме задоволни и од приемот што го имавме таму и од наградата. Сите се позитивно расположение во врска со таа награда и очекуваме и во иднина да допринесеме нешто поубаво во Театар Куманово, изјави Сашо Тодоровски, директор на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“.

Наградената претстава досега е одиграна дваесетина пати и секогаш салите се преполни.

Инаку претставата беше подготвена за фестивалот „Денови на комедија“ кој минатата година се одржа во Куманово. Текстот е на Реј Куни, а во режија на Бојана Краљевска и Горан Илиќ. Актерската екипа ја сочинуваат Марко Трајковиќ, Сања Русевска, Владо Дојчиновски, Нина Максимова, Дубравка Косилечки, Јасмина Василева и Мирослав Петковиќ.

Loading...

Во следниот период Театар Куманово ќе учествуваме на театарските игри „Војдан Чернодрински“ кои се одржуваат во Прилеп со претставата „Физика на тагата“.

Leave a Reply