Силно полициско обезбедување е забележано во Куманово за време на фудбалскиот меч Албанија – Србија, јавуваат граѓаните, потенцирајќи дека полициското присуство е сконцентрирано спроти трговскиот локалитет “ГАРНИЗОН” каде за време на минатиот меч, се одвиваше вистински перформанс на фановите од албанска националност.
Граѓаните во своето јавување до редакцијата на Кумановски Муабети уште додаваат дека во моментот, во целиот локалитет е исклучена електричната енергија, додека на социјалната мрежа ТВИТЕР, фудбалски фанови од Куманово, членови на навивчката група ИЛИРЕТ, се побунија што биле спречени да навиваат токму во тој локалитет, каде на третиот кат, сите кафулиња се во сопственост на лица од албанска националност.
Во приложеното видео, достапна е содржина снимена за време на мечот Србија – Албанија минатата година, кога фановите приредија свој перформанс, но без ниту еден предизвикан инцидент.
Во меѓувреме, фудбалскиот натпревар кој се одигра во Елбасан, Албанија заврши со победа на српските фудбалери, со резултат 0:2 за Србија.