Кумановски средношколци учесници на глобален ИТ натпревар во САД

Сподели со своите пријатели

Средношколци од Куманово ќе се натпреваруваат на глобалниот натпревар „Microsoft office specialist” и „Adobe certified professional” во САД.

Loading...

Илина Арсовска од СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ и Леонид Петковски од ОСТУ „Наце Буѓони“ ќе бидат дел од тимот кој ќе ја претставува Македонија на глобалниот натпревар во Анахајм, Лос Анџелес од 28 јули до 1 август годинава.

 

 

Претходно беа одржани националните натпревари на кои од 300 ученици, меѓу најдобрите десет влегоа кумановските ученици Илина Арсовска од СОУ Гимназија “Гоце Делчев”, Леонид Петковски,  Георги Станојковски и Матеј Глигоријевски од ОСТУ “Наце Буѓони”,  Матеј Спасиќ – ООУ “Браќа Миладиновци”.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Повторно се чисти депонијата кај „Туш“: Изнесени 30 тони отпад (ВИДЕО)

 

Loading...

 

Ментори на учениците се наставниците Марјан Спасиќ и Јасмина Денковска.

Со наградените ученици од националните натпревари вчера средба оствари претседателката на Советот на Општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска и раководителот на Секторот за образование Александар Јовановиќ.

Никола Ивановски