Кумановски бодибилдери освоија злато на „Паљо класик“ (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Марио Петровски и Дарио Трајковски од Куманово освоија три пехари и четири медали на Интернационалниот натпревар во бодибилдинг и фитнес „Паљо класик“ кој изминатиот викенд се одржа во спортската сала Боро Чурлевски во Битола.

Loading...

Под тренерска палка на Томе Даневски, Дарио и Марио се подготвуваа за овој натпревар од кој се вратија со три златни и еден сребрен медал.

 

 

Марио Петровски освои злато во две категории: Бодибилдинг јуниори до 23 години и Бодибилдинг сениори до 90 килограми.

Осумнаесетгодишниот Дарио Трајковски се закити со злато во категоријата Бодибилдинг Тинс до 19 години и со бронзен медал во категоријата Сениори до 80 килограми.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Уживајте во сонце!

 

Loading...

 

Петровски и Трајковски се двајца другари кои велат дека се одлучиле да учествуваат на натпреварот со цел да се победат самите себе си.

– Се одлучивме да учествуваме на натпреварот со цел да се победиме самите себе односно да си докажеме на самите себе дека сме доволни подготвени, зрели, дисциплинирани, одговорни за да го издржиме тоа темпо,тој интензитет на тренинг и сите ригорозни диети кои што ни следуваат во тој период за да можеме да го извадиме максимумот од нас и нашето тело, раскажуваат тие за Кумановски Муабети.

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стојчевски: Имаме нефункционални институции и затоа граѓаните решија ова да го сменат

Велат дека немале многу време за подготовки, интензивните тренинзи траеле седум недели, а во една недела дури по 12 пати.

Loading...

– И покрај 12 тренинзи неделно, шест оброци на ден, сепак успеавме да ја оствариме нашата цел и да се вратиме во Куманово со 3 пехари, 3 златни и еден бронзен медал, велат тие.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dario Trajkovski (@trajkovskidario)

 

Трајковски тренира веќе пет години и вели дека сака да ги мотивира младите да водат здрав начин на живот.

 

 

Loading...

Петровски во фитнес светот е веќе десет години и тоа е и негова професија преку која, како фитнес тренер им помага да другите да направат трансформација на нивното тело.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во недела свечено откривање на мурал со ликот на Бобан Трајковски

 

 

Натпреварот „Паљо класик“ е во организација на битолчанецот Зоран Паљо Лазаровски, кој е првиот апсолутен првак во бодибилдинг во Македонија.

Никола Ивановски

Loading...