Куманово со пораз го стартуваше вториот дел од сезоната (ГАЛЕРИЈА)

Сподели со своите пријатели

Две четвртини првата и третата беа доволни за кошаркарите на Гостивар да стигнат до особено важен триумф на гостински терен во Куманово.

Loading...

 

 

Две дијаметрално четвртини одиграа Куманово 232009 и Гостивар на вечерашниот дуел во салата „Перо Наков“. Гостите од Гостивар доминираа во првите десет минути во кои реализираа дури 30. поени. Затоа и обезбедија високо, двоцифрено водство од (30:18).

 

 

Loading...

Но како што одминуваа минутите, така кумановци почнаа да играат во се подобар ритам. И до крајот на првото полувреме, успеаја да направат и играчи, но и резултатски пресврт. Ја добија втората делница од мечот со уште повисоки (28:13), па на одморот заминаа со плус од три поени (46:43). И што е поважно со разиграна прва петорка во која погодуваа сите, што не беше случај кај гостинската во која се одвои Јанески со 12. реализации.

 

 

Токму седум нови поени на Јанески беа дел од серијата (15-2) по која Гостивар односно се одвои на двоцифрен плус од точно десет поени (58:48), по само 4:20 минута играње во продолжението од средбата во Куманово.

 

 

Loading...

Кумановци се доближија уште еднаш, дојдоа до (61:63), но во последните две минути од тој дел, гостите го одбија и тој напад, и на истекот на третиот период, имаа повисоки (72:65).

 

 

Последниот почна со шест последувателни поени на Куманово 2009 (71:72). Но во вистински момент за гостинската екипа, „се вклучи“ Ефремовски. Репрезентативниот бек беше најзаслужен за новото сигурно водство (80:71) по нецели четири минути од последната четвртина.

 

 

Loading...

Домашните кошаркари, пред се Абром и Мексвејн беа и понатаму вклучени во трката за пресврт. Но Гостивар ги имаше и Ефремовски, и особено Јанески (застана на бројката од 31. реализации и 6. скока), а во одредени моменти од играта и Војку и Тодоровиќ. Доволно за осмиот тримф во сезоната, прв во 2022 година за место во горнито дел од табелата.

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

 

Loading...

Текст: КФСМ / фото: Никола Ивановски