Куманово ќе биде домаќин на боксерското натпреварување Опен Балкан

Сподели со своите пријатели

Боксерскиот Клуб Куманово 84 на 7-ми октомври ќе биде домаќин на нов боксерски спектакл во рамките на второто коло од новото регионално натпреварување во бокс OPEN BALKAN кое за прв пат стартуваше оваа година.

Loading...

На овој настан ќе настапат боксери од Република Србија, Република Албанија и боксери од Македонија.

 

 

По тој повод кумановскиот клуб и градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски беа домаќини на првиот човек на Боксерската Федерација на Република Србија Ненад Боровчанин и на претседателот на Националната Боксерска Федерација на Македонија Фатон Салиху.

На средбата кај градоначалникот на општина Куманово се разговараше за и околу самиот настан кој ќе биде вистински празник за љубителите на спортот , пред се боксот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мицкоски: Арачиново и Липково ќе добијат функционални градинки

 

Loading...

 

Да потсетиме, Боксерскиот спектакл ќе се одржи на 7.октомври во Спортската Сала на СОУ „Перо Наков” во Куманово со почеток во 18 часот.

Никола Ивановски