Куманово домаќин на Државно првенство во друмски велосипедизам

Сподели со своите пријатели

Куманово во недела ќе биде домаќин на Државното првенство во друмски велосипедизам, организирано од страна на велосипедскиот клуб Вело-М Термалифт , а во соработка со Велосипедска федерација на Македонија и Општински сојуз на спортови.

Државно рвенство во друмски велосипедизам се смета за најпрестижна трка во рамки на една нација и победник на самата трка ќе се закити со титула Државен првак на Македонија.

– Куманово како и во претходните години така и годинава е домаќин на оваа манифестација, а патеката на која ќе се вози е Куманово – Крива Паланка – Куманово за категорија сениори, јуниори и мастерс додека пак помалите кадети и категорија жени ке возат на релација Куманово – Страцин – Куманово, изјави спортскиот директор на клубот Марјан Петровски.

Трката ке започне на плоштадот во Куманово со старт во 10 часот, честа на отварање на трката ќе ја има градоначалникот Максим Димитриевски, а целта ќе биде кај ресторанот на почеток на градскиот кеј. Се претпоставува дека Сениорите ке пристигнат на целта околу 14 часот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец ја претепал 75-годишната мајка

Leave a Reply