Куманово без мамограф со години, а го ветува секој нов министер

Сподели со своите пријатели

Општа болница Куманово веќе пет години нема мамограф, апарат кој се користи за дијагностицирање рак на дојка.

Loading...

Во изминатите години тројца различни министри за здравство од исто толку различни политички партии ветуваат мамограф за Општа болница Куманово, но машината сѐ уште ја нема.

Октомври, кој воедно е месец на борба против ракот на дојка, привршува, а клучно жените да се изборат со оваа многу тешка болест е навремената дијагностика.

Тоа во Куманово не е можно за околу 200.000 пациенти, корисниците на услугите на Општата болница, каде на преглед доаѓаат и пациенти од околните помали општини од Североистокот.

 

 

Борба за нов мамограф во Куманово

Борбата на кумановските лекари да дојдат до нов мамограф, започнува во 2017 година.

Loading...

Оттогаш не функционира стариот кој е исклучен поради дотраеност и дефект. Но, и тој не го набавила државата, туку бил донација од невладина организација во 1996 година. Ги опслужувал пациентките на градот цели 21 година, по што „испуштил душа“ и бил пензиониран.

Пациентките од Куманово и околните помали општини сега на прегледи одат на скопските клиники и за термини чекаат многу време, а токму времето е клучно во борба со ова заболување.

Празни ветувања за мамограф во Куманово

Во изминатите години новинарите од локалните медиуми при секоја посета на некој министер за здравство го поставуваше прашањето „Кога болницата ќе добие нов мамограф?“

Првото ветување за нов мамограф пристигнува уште пред да се расипе оној кој го имаше болницата.

Уште во 2015 година Никола Тодоров, како тогашен министер за здравство, назначен од ВМРО-ДПМНЕ, вети дека за една недела кумановската болница ќе добие нов мамограф. Тоа требаше да биде еден од вкупно шест набавени за повеќе институции во државата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стојчевски: Ќе бидеме дел од новата Владата, поддршката од граѓаните сериозно ја чувствуваме

 

 

Loading...

– Во болниците во Кавадарци и Кочани првпат се воведува ваков тип дијагностика, а во штипската, кумановската и прилепската болница вакви апарати имало претходно, но веќе се стари, дотраени и со почести дефекти. Од тој аспект се одлучивме да набавиме да набавиме шест мамографи во овие шест ЈЗУ, ќе рече Тодоров во септември 2015 година.

Што стана со тој мамограф не е јасно, но тој никогаш не пристигнува во кумановската болница.

Без ветување

Арбен Таравари од Алијанса за Албанците е единствениот министер за задравство во последните години кој не ветил набавка на мамограф за Општа болница Куманово.

Но, можеби и затоа што неговиот мандат беше краток, од јуни до октомври 2017 година, па не дојде во кумановската болница каде новинарите ги пречекуваат министрите со ова прашање.

 

 

Рекордер во ветувања

Венко Филипче кој го наследи Таравари на позицијата министер за здравство, како кадар на СДСМ, најмногу го ветуваше, но никако не го набави мамографот.

Loading...

Во 2018 година, Филипче ќе рече дека набавката тогаш била започната, но од технички причини била прекината и повторно распишана.

– Постапката за набавка на мамограф ја започнавме меѓутоа имавме технички проблеми и затоа сега ја повторуваме. Станува збор за набавка на мамограф за кумановската болница, Здравствениот дом во Крива Паланка и Железничката амбуланта во Скопје, рече Филипче во ноември 2018.

Неколку месеци подоцна, во февруари 2019 година, Филипче вели дека е планирана набавка на осум мамографи, меѓу нив и за Општа болница Куманово.

– Веќе до крајот на оваа недела ќе започне постапката, така што колку ќе траат временските рокови, верувам дека за период од два до три месеци, апартот ќе стигне во кумановската болница, рече тогаш Филипче.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Со ребаланс на буџетот ќе исплатиме 13та пензија на пензионерите

 

Loading...

 

Апаратот не пристигна, а во декември истата година, Венко Филипче повторно ќе ја посети кумановската болница каде ќе истакне дека во тек е набавка за мамографи за шест центри, меѓу кои и за Куманово.

– Мамографот во Куманово ќе се набави со постапка за набавка на мамографи за шест центри. Сметам дека постапката ќе трае триесетина дена, по што ќе следи рокот за испорака и во наредните три до четири месеци Куманово ќе го добие мамографот – рече тогаш Филипче.

Во 2020 и 2021 година избувнува пандемијата и вниманието на сите е насочено на ковид-19, па тогаш помалку бил ветуван мамографот.

Во јануари годинава Венко Филипче заминува од функцијата министер за здравство, а со него и празните ветувања.

Loading...

Ќе биде…

Актуелен министер за здравство е Беким Сали, кадар на партијата Алтернатива. И тој продолжи да го ветува мамографот.

Својата прва посета на болницата во Куманово Сали ја реализира на 20 април годинава кога во друштво на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ја промовираа гасификацијата на установата.

Тогаш Сали ќе најави набавка на мамограф со кредит од Светска банка.

– И мамограф и целата дијагностика која ја опфаќа и компјутерски и магнетни резонанци се планираат со големата набавка која ја планираме со кредит од Светската банка. Се надевам да отпочнеме процес на јавна набавка и очекувам во најкраток рок, знаете тоа одзема време, да биде се како што треба. Се надевам во најкраток период да обезбедиме и мамограф и останата опрема, рече тогаш актуелниот министер.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец и неговен малолетен син нападнале полицајци

 

Loading...

 

Втората посета на Куманово Беким Сали ја реализираше овој месец и вети дека мамографот ќе пристигне до крајот на годинава. И тој ветува поголема набавка.

– Уште стојам на ветеното дека до крајот на годината мамографот во Куманово ќе стигне, тоа сигурно. Тоа е поддршка на болницата од страна на Министерството за здравство во соработка со Светска банка. Тоа се процедури кои ние мора да ги запазиме и да ги испочитуваме за да се реализира една јавна набавка која е многу поголема од еден мамограф во Куманово. Се работи за набавка која е испланирана за 12 јавни здравствени установи со различни типови на опременост со цел децентрализација на услугите од Клиничкиот Универзитетски центар во Скопје, рече Сали.

Расте бројот на карцином на дојка кај младите во Куманово

Околу 200 до 300 жени годишно од кумановскиот регион се испраќаат на испитувања карцином на дојка надвор од градот.

Според надлежните старосната граница се повеќе се намалува, па така пациенти со карцином на дојка има од 19 до 80 години. Меѓу заболените има се повеќе млади лица, а болеста, иако поретко, напаѓа и мажи.

Loading...

Дури 90 проценти од сите карциноми на дојка може да бидат излекувани, односно навремената дијагностика и соодветниот третман, во најголем дел спасуваат животи.

По повод месецот на борба против рак на дојка, Владата одржа и тематска седница. Го задолжи  Министерството за труд и социјална политика, при измените во Законот за безбедност и здравје при работа и во подзаконските акти на законот, да предвиди задолжителен здравствен преглед во рамки на систематските прегледи, со цел внесување на превентивата во оваа област, како законска обврска.

Никола Ивановски