Расте бројот на млади со карцином на дојка во Куманово, а мамограф нема со години (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Со години кумановската болница е оставена без мамограф, апаратот кој испитува карцином на дојка. Иако старосната граница се повеќе се поместува, веќе неколку години нема набавка на нов.

Loading...

Стариот апарат, кој инаку бил донација, не е во функција од  2017 година и пациентите од Куманово и околните помали градови се испраќаат на прегледи во Скопје.

– Несреќна околност е што брзо по запечатувањето на стариот апарат, и тој беше донација, не бил купен нов, работел бил доста амортизиран и не беше безбеден ниту за пацинетите ниту за вработените, вели директорката на болницата, Снежана Захариева.

 

 

Околу 200 до 300 жени годишно од кумановскиот регион се испраќаат на испитувања карцином на дојка, а старосната граница е од 19 до 80 години и се поголем е бројот на млади пациенти.

– Се повеќе млади женски лица, има и мажи но бројката е незанемарлива. Ако на пример во 2019 година сме имале 219 жени, имало пријавено 6 мажи од Куманово и од околните општини имало некоја бројка која се движи од 10 до 20 случаи, но најмногу има од Куманово – истакна Захариева.

Loading...

Според Захариева, кумановската болница упатила барање до Министерството за здравство, набавката била ветена, но и почната, а со коронакризата фокусот на инвестиции заминал во друга насока.

– Ние пишавме барање до Министерството за здравство, беа отпочнати некои постапки но потоа фати коронакризата и фокусот се стави на некои други работи. Имавме и почната градба на Ургентниот центар, новиот ургентен хируршки центар кој заради неплатени обврски стагнираше завршувањето на изградбата. Тоа мораше да се реализира, се реализираше. Во меѓувреме заради загадување на воздухот моравме да побараме помош од Министерството за здравство за изградба на гасна котлара и тоа е реализирано со нивна помош, тоа се капитални инвестиции, но сепак добивме во меѓувреме и компјутерски томограф кој е мошне скап апарат, никогаш не би го набавиле со нашиот буџет, вели Захариева.

И покрај недостаток на овој апарат, сепак според директорката во изминатиот период добиле низа други инструменти, како што се ендоскопски столб, сет за видеоинтубација, рентген апарат и ехо апарат.

Никола Ивановски