Кумановската болница се уште чека мамограф, а Итната помош ново возило

Сподели со своите пријатели

Кумановската болница наскоро ќе добие нов мамограф. Последниот кој го имаше болницата беше стар 34 години и не работи скоро цела година.

Набавката на мамографот беше започната уште пред неколку месеци, но како што рече министерот за здравство Венко Филипче при последната посета на Куманово поради технички проблеми постапката за набавка се повторува.

– Постапката за набавка на мамограф ја започнавме меѓутоа имавме технички проблеми и затоа сега ја повторуваме. Станува збор за набавка на мамограф за кумановската болница, Здравствениот дом во Крива Паланка и Железничката амбуланта во Скопје, рече Филипче.

Од друга страна, кумановската Итна медицинска помош наскоро ќе добие ново санитарно возило.

Од дванаесетте возила кои ги набави министерството едно ќе добие и Куманово, кое ќе биде петто кое петнаесетте лекари ќе го имаат на располагање за да опслужат 200.000 пациенти во три општини од Североисточниот регион.

Најголем дел од новите возила ќе ги добие Итната медицинска помош во Скопје.

Leave a Reply