Кумановка повредена при судир со воз кај Романовце

Сподели со своите пријатели

Дваесет и осумгодишна кумановка се здобила со повреди откако нејзиното возило „пежо“ се судрило со локомотива од воз.

Loading...

– На 17.07.2023 околу 15.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на железнички премин во село Романовце, кумановско, се случила железничка незгода помеѓу патничко моторно возило „пежо“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.М.(28) од Куманово и локомотива, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од кумановската полиција, во незгодата со телесни повреди се здобила М.М. констатирани во Општа болница Куманово.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски