Кумановка ги истепала своите мајка и сестра

Сподели со своите пријатели

Триесет и петгодишна кумановка била приведена вчера по пријава дека физички ги нападнала своите мајка и сестра.

Loading...

– На 16.08.2024 во 11.50 часот, полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода С.Т.(35) од Куманово затоа што физички ги нападнала нејзината мајка и сестра, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат оттаму, С.Т. била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Уапсен Косовец кој шверцал мигранти низ кумановско