Кумановец тешко повреден откако излетал од пат и удрил во бетонска ограда

Сподели со своите пријатели

Четириест и деветгодишен кумановец бил тешко повреден откако со својот автомобил излетал од патот и удрил во бетонска ограда и паркирано возило.

Loading...

– На 29.08.2024 во 21.10 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„1“ во с.Долно Којнаре,кумановско, патничко возило „хјундаи“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од И.М.(49) од с.Лопате, кумановско, излетало надвор од коловозот и удрило во бетонска ограда и паркирано патничко возило „шкода“ со кумановски регистарски ознаки, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во тек е акцијата за бесплатно отстранување хаварисани возила во Куманово

На терен интервенирала и екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово, кои го извадиле лицето од возилото.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, четворица пожарникари интевенирале од 21:25 до 21:50 часот.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски