Кумановец крадел од трговски објект во Куманово

Сподели со своите пријатели

Четириесет и двегодишен кумановец е осомничен дека извршил кражба во трговски објект во центарот на Куманово.

Loading...

– На 21.08.2023 во 02.20 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода  М.Д.(42) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, тој се сомничи дека на 21.08.2023 со употреба на сила влегол во трговски објект на улица „Доне Божинов“ во Куманово и одзел повеќе предмети.

Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а М.Д. бил приведен во полициска станица.

По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Лишен од слобода малолетникот што ја откорна таблата од Конзулатот на Србија во Куманово

Никола Ивановски