Кумановец крадел автоделови, полицијата го привела

Сподели со своите пријатели

Дваесет и шестгодишен кумановец бил приведен под сомнение дека од дворно место украл повеќе делови за автомобили.

Loading...

– На 31.08.2024 во 03.30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода У.Ф.(44) од Куманово. Тој се сомничи дека ноќта помеѓу 30.08. и 31.08.2024  од дворно место на ул.„Никола Тесла“, сопственост на Б.А.(26) од Куманово, одзел повеќе делови за автомобили, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Одземеното, како што додаваат од МВР, било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица.

– По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Исчезнат жител на Младо Нагоричане

Никола Ивановски