Кумановец и неговиот внук натепани на Бит Пазар, напаѓачите им го оштетиле и возилото

Сподели со своите пријатели

Четириесет и едногодишен кумановец и негов внук бил нападнати вчера на Бит Пазар, а напаѓачите им го оштетиле и возилото.

– На 20.08.2026 во 13:43 часот во СВР Скопје, Д.Т.(41) од с.Долно Којнаре, кумановско, пријави дека околу 12:30 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, тој и неговиот внук Х.Т., по претходно недоразбирање, биле физички нападнати од две лица кои употребиле тврд предмет, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од МВР, напаѓачите потоа му го оштетиле неговото патничко возило.

– Се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Заврши 22. издание на Меѓународниот тамбурашки фестивал во Куманово (ФОТО)

Никола Ивановски