Четириесет и седумгодишник од Куманово бил приведен по пријава дека физички го нападнал својот син, а кон сопругата се однесувал агресивно.
– На 18.08.2026 во 16:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Д.З.(47) од Куманово затоа што физички го нападнал неговиот 23- годишен син и агресивно се однесувал кон неговата сопруга, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Никола Ивановски

