Приведен 19-годишник од Куманово, го нападнал својот татко

Сподели со своите пријатели

Деветнаесетгодишник од Куманово бил приведен ноќва по пријава дека физички го нападнал својот татко.

– На 19.08.2026 во 02:40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Д.М.(19) од Куманово затоа што физички го нападнал неговиот 45-годишен татко, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  60-годишна кумановка пријавена за исчезната