Кумановец физички го нападнал својот татко, полицијата го привела

Сподели со своите пријатели

Четириесет и седумгодишен кумановец бил приведен вчеравечер по пријава дека физички го нападнал својот татко.

Loading...

– На 08.04.2025 во 20.10 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода И.З.(47) од кумановско село затоа што физички го нападнал неговиот татко, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ќе се третира против ларви на комарци и крлежи во Куманово