Кумановец физички го нападнал својот син

Сподели со своите пријатели

Педесет и тригодишен кумановец бил повикан на разговор во полиција, откако физички го нападнал својот син во семејниот дом.

Loading...

– На 29.08.2023, полициски службеници од СВР Куманово извршиле службен разговор со В.А.(53) од Куманово затоа што околу 15.30 часот во семејниот дом физички го нападнал неговиот 19 – годишен син, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Оттаму додаваат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Промоција на книгата „Координати на болката“ во Куманово