Кумановци уживаа во хрватската претстава „Љубоф“ (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Кумановци вчеравечер имаа можност да ја проследат претставата „Љубоф“ на втората фестивалска вечер од „Денови на комедија“, во изведба на Градско казалиште „Јоза Ивакиќ“ Винковци и ХК Печух од Хрватска.

Loading...

Станува збор за претстава по текстот на Мареј Шизгал, а под режисерска палка на Горан Рибариќ.

Актерската екипа е воодушевена од интересот на кумановската публика, а според актерот Владимир Андриќ никогаш немале побројна публика на оваа претстава која веќе некое време ја играат.

– Ваквата публика навистина не понесе и затоа ние дадовме се од себе и излезе едно прекрасно театарско искуство. За прв пат во Куманово мислам дека ова е спомен кој јас и моите колеги трајно ќе го носиме во срцето. Комедијата е пародија на љубовта, односот меѓу мажот и жената, една неисцрпна тема, изјави Андриќ.

Loading...

Своето воодушевување од интересот на публиката не го криеше ниту актерката, Матеа Марушиќ.

– Искуствот не може да се опише, ние навистина никогаш ниту драмска, ниту некаква комедија од ваков тип не сме играле пред толкава публика, кога слушнавме дека има околу 650 места, не ја создававме така претставата, толку е питома публиката, ние пријатно се изненадивме и тоа не понесе, мислам дека тоа го потврдија и реакциите, но и некако нашиот жар на игра, особено јас како млада актерка сум навистина благодарна на ваквото искуство, изјави Марушиќ.

Фестивалот продолжува и вечерва кога на сцената во НУЦК „Трајко Прокопиев“ ќе биде изведена претставата „39 чекори“ од албанската драма при кумановскиот театар.

Повеќе фотографии во текот на денот на нашиот Инстаграм профил.

Loading...

Leave a Reply