Кумановци ги собраа медалите на Купот во друмски велосипедизам

Сподели со своите пријатели

Велосипедистите на Вело-М Термалифт од Куманово викендов ги собраа медалите на државниот Куп во друмски велосипедизам.

Loading...

Во категоријата сениори Никола Лефков освои прво место, додека со сребро се закити Стефан Петровски.

Во категориите мастерс злато освои Зоран Ристовски, а бронзен медал Ален Денковски.

Новата надеж на клубот, 11-годишниот Лука Петрушевски го освои третото место во категоријата У-13.

Loading...

Купот воедно беше и отворачка трка за новата натпреварувачка сезона во Македонија, а Вело-М Термалифт годинава е носител на две титули во Купот.

Leave a Reply